СИ ЗАСПАЛА ПОД МЕСЕЧИНАТА
Не ти е жал за мене
сонцето ли ти ги уби очите
си спиела под сенката на месечината
и не сакајќи те внесов во песна
Зошто плачеш
зар не ти е жал за очите
ќе дојдам во твојот сон
и ќе го заборавам патот на враќањето
Од лошиот плач
од црниот сон
те молам не плачи
зар не ти е жал за мене.
ВО НЕДЕЛИТЕ ВЕЌЕ НЕ МЕ ВИКАЈ
Во неделите веќе не ме викај
можам и да не станам
вечно да останам во смртниот сон
не ги заборавај замрзнатите мигови
освен неделата, избери го твојот ден
Kога ќе умрам за тебе
ќе ти го најдам името позади седум планини
aх, зошто ли не доаѓаш другите денови
ТЕУТА
Теута, вечерва те повикувам
да појдеме во пивницата Отров
што го плази твојот јазик
Очите ти се ледени известувачи
во скршената гранка
на среќата разбојник
Теута
тебе ти се поклонуваат боговите
АЈКУНА
Во светлина на месечината ја фаќам Ајкуна
вадејќи го млекото на стадото
Ајкуна
тоа што ти го правиш со стадото
јас ќе ти го правам тебе
куку леле за стадото рече
мислејќи дека волкот
му се нафрлил на врат.
ЛИЦЕТО ТИ ГО ПАМТАМ
Лицето ти го памтам
солзозамрзнатата крв
над мене
Јазикот ти го памтам
црноотровна змија
ми ја завитка среќата
кога ти спиеш
јас станувам
и си стојам со твоето сеќавање
ЛЕСНА НОЌ СО ДОЖД
Лесна ноќ со дожд
молкот на градот убива
задоцнетите годишни времиња
задоцнетиот патник
во мокриот град
лесна ноќ со дожд
осамениот патник
во мокриот град
вечерва се венча
лесна ноќ со дожд
не ги уништувај моите траги
во градот со мирис на крв
ТЕОРИЈА ЗА ТОЛКУВАЊЕ НА СНИШТАТА
Ако си ја сонувал Змијата
некој ти ја гризнал играта
Ако си ја сонувал слободата
некој изживува со твое ропство
Ако си ги сонувал моите очи
некој те измамил
Ти реков, тврдоглава
ти реков
да не спиеш
затоа што сништата ти ја вадат
љубовта низ нос.
ЛАМЕНТ
(на Азем Шкрели)
Поетот никогаш не ставаше
точка на стихот
но кога еден ден
се наполни со печалбарски копнеж
точката го удри во срце
избрза
бидејќи сакаше
со смртта
да се приземји
на Косово
и од денес
смртта стана
убава лирика
поетот не почина
туку само точката од стиховите
го удри во срцето
ЗБОГУМ ЈУНАЧЕ
Јунак си бил
жими господ
никогаш неќеше да слушнеш за смртта
и беше во право
жими глава
затоа што смртта не им може ништо
на бесмртните?
Јунак си бил
на земја и на небо
затоа што јунак е тој
кој скока од Светиот мост
и ги згаснува светлата во Парис
јунак си бил чичко
жими се
СМС
Довидуавање срцка
сонцето ми е близу
само еден метар
Ти, капка од вода
што пеколот го гасиш.
He was born on 2nd February 1970 in Lipjan near Prishtina, the capital city of the Republic of Kosova. He completed his primary and secondary education in his birthplace, in Lipjan…
Read More
© 2024 LULZIM TAFA – Administered by Ardian Sallauka